Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Ако вашата градина сè уште нема нов летен изглед, уредете ја во медитерански стил кој носи освежување во форма на убави бои кои се рефлектираат на сонцето. Медитеранскиот стил се карактеризира со присуството на природни материјали, светли бои и интересни дезени.

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Материјали

Кај медитеранскиот стил, фокусот е ставен на употребата на исклучиво природни материјали. Ако сакате помодерен изглед, одлучете се за бетонски допир. Бетонскиот мебел е многу популарен детал, кој секако треба да биде покриен со убави шарени природни ткаенини. Ратанот, плетеното дрво и тврдите парчиња дрво треба да бидат дел од оваа приказна. Килимите, прекривките, веселите перници и разбрануваните завеси кои потсетуваат на морска клима се неизбежни детали на медитеранскиот стил. Дрвениот покрив и завесите ќе ви помогнат да уживате во приватноста во вашата градина и да уживате во нејзината убавина дури и за време на најжешките летни денови.

Детали

Она што го дополнува медитеранскиот стил се деталите – прекрасни фенери кои висат од таванот, сини и бели тонови, свеќи, зеленило и цветни елементи, вазни, саксии, украсни садови и сè останато што ве потсетува на море. Исто така, можете да додадете спомени од вашите одмори во форма на школки, морски ѕвезди, камчиња и слично.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од најубавите градини и тераси во кои доминира медитеранскиот стил.

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Уредете ја вашата градина во весел медитерански стил

Погледнете ги овие идеи како да го претворите малиот двор или балкон во удобно место за релаксирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар