Уникатни идеи за уредување на работниот простор
Автор: Ана Петровиќ
Работниот простор е место каде го поминувате поголемиот дел од времето, па од голема важност е тоа да биде инспиративно и функционално уредено на креативен начин. Постојат работи, кои иако навидум изгледаат мали, можат многу да придонесат за изгледот на вашата канцеларија. Со помош на овие иновативни идеи, убаво уредениот работен простор ќе ви ја направи работата многу попријатна.
Инспиративна табла
Искористете го празниот ѕид во канцеларијата, доколку сметате дека можете да пишувате на него. Постои и друга алтернатива како табла во природна големина, на која би можеле да залепите неколку фотографии, забелешки, убави спомени или обврски кои треба да ги завршите.
Украсени кабли
Ги знаете оние продолжени кабли кои го затвораат просторот и оставаат впечаток на неуредна канцеларија? Нивната едноличност решете ја на тој начин што ќе залепите украсна лента по должината на кабелот.
Sидни кутии за хартија
Уникатна идеја за сите оние кои секојдневно се преплавени со документи и честопати не знаат каде да ги складираат. Направете неколку украсни кутии на вашите ѕидови и проблемот е решен.
Украсете ги вашите алатки за работа
Внесете доза креативност во секојдневната монотонија со тоа што ќе го обоите вашиот маус или едноставно ќе купите несекојдневна подлога.
Обојте дел од ѕидот
Наместо да го трошите вашето скапоцено време на боење на целата просторија, можете слободно да го изберете најомилениот дел, на пример ѕидот покрај бирото, и да го обоите тоа место во вашата омилена боја.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.