Уметник креира необични мозаици со портрети инспирирани од африканската култура

Уметник креира необични мозаици со портрети инспирирани од африканската култура

Грчкиот визуелен дизајнер Карис Цевис е добро познат по неговите сложени мозаици. Вообичаено, неговите уметнички дела опфаќаат голем број субјекти, од популарни ТВ ликови и музичари па сè до американски претседатели и интернационални спортисти. Инспирацијата да ги создаде тематските мозаици ја наоѓа во речиси сето она што го опкружува, а за неговата најнова серија „Африкански тули“ се инспирирал од неодамнешната посета на африканскиот континент. За да ги изработи своите дела користи разноразни ткаенини, хартии, везови и кој било друг материјал што може да ја долови убавината и страста на Африка.

Уметник креира необични мозаици со портрети инспирирани од африканската култура

„Африка беше љубов на прв поглед. Научив толку многу за нејзината култура, но почувствував дека се крие некаква мистерија на ова тло поврзана со природата, луѓето, животните, историјата… Овде луѓето користат тули и секаков вид материјал за да изградат свој дом, свое засолниште. Нивните домови се вистински извор на креативност и претставуваат мозаик од симболи, пораки и чувства така што сама по себе се роди идејата да ја преточам таа креативност во мојата уметност“, изјави Карис.

Во продолжение погледнете ги неговите феноменални уметнички дела.

Уметник креира необични мозаици со портрети инспирирани од африканската култура

Уметник креира необични мозаици со портрети инспирирани од африканската култура

Уметник креира необични мозаици со портрети инспирирани од африканската култура

Уметник креира необични мозаици со портрети инспирирани од африканската култура

Уметник креира необични мозаици со портрети инспирирани од африканската култура

Откако ги погледнавте мозаиците инспирирани од африканската култура, ви препорачуваме и да прочитате кои неверојатни земји во Африка треба да ги посетите.

Извор: mymodernmet.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар