Уметница создава неверојатни 3Д желе торти со пејзажи
Мајсторот за торти Сју Хенг Бун создава торти кои воопшто не изгледаат како да се за јадење. Нејзините креации кои наликуваат на стакло се познати како 3Д желе торти и се направени од желатин или желе од алги. Сју користи посебни алатки за да ги инјектира шарените мотиви на чистата основа.
Нејзините торти се вистински пример за уметност што се јаде. Таа ја развила својата вештина во последниве неколку години бидејќи не знаела дека постојат торти од желе до пред само 2 години.
„Еден сосед на мајка ми направи и ѝ даде една. Бев воодушевена, па решив да се запишам на курс кај многу познат учител во Малезија. По неколку обиди и објави на Фејсбук и Инстаграм, луѓето почнаа да порачуваат од мене.“
Таа основала свој бизнис наречен Jelly Alchemy пред една и пол година.
Па, што е потребно за овие торти? Има неколку состојки – обоено млеко (или алтернативи, како кокосово млеко), чиста основа за инјектирање на цветовите и обоена основа за комплетирање на тортата.
Разните бои на желето се загреваат до течна состојба и се инјектираат со посебни алатки. Откако ќе се завршат декоративните елементи, се додава основа со вкус за завршување на тортата.
Видот на состојките зависи од културата каде што учите да ги правите овие торти.
„Во некои држави, како Мексико, чистата основа се прави со желатин. Но, во југоисточна Азија обично се користи желе од алги и шеќер. Бојата може да се направи од кои било состојки – сок, млеко со вкус и слично.“
Погледнете ги и овие уникатни парчиња уметност од мувла и бактерии.