Уметница користи суво лисје како неконвенционално платно за везење птици

Уметница користи суво лисје како неконвенционално платно за везење птици

Шпанската уметница Лаура дала Векија знае дека не се потребни скапоцени материјали за изработка на извонредни уметнички дела. Нејзината најнова колекција на рачно везени птици прикажува различни видови кои се директно зашиени на суви лисја.

Уметница користи суво лисје како неконвенционално платно за везење птици

Од тукани со портокалови клунови па сè до зелени папагали и колибри со црвено грло, артистката успеала да ја навезе секоја птица со неверојатна прецизност. Нејзините дизајни не само што умешно го доловуваат прелевањето на боите на птичјите крилја, туку и изгледаат како да се живи благодарение на употребата на светли и темни тонови.

Згора на тоа, уметницата користи гранчиња во своите дизајни за да го долови впечатокот дека секоја птица си има место за одмор. Тоа го постигнува така што завиткува неколку котелци околу малото гранче за да изгледа како ножните мускули на птицата ја „стегаат“ гранката. На тој начин, исушените лисја се претвораат во спектакуларни мали светови.

Во продолжение погледнете дел од овие ремек-дела.

Уметница користи суво лисје како неконвенционално платно за везење птици

Уметница користи суво лисје како неконвенционално платно за везење птици

Уметница користи суво лисје како неконвенционално платно за везење птици

Уметница користи суво лисје како неконвенционално платно за везење птици

Уметница користи суво лисје како неконвенционално платно за везење птици

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар