Уметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската криза

Шкотската уметница Џо Хамилтон создава неверојатни уметнички дела од рециклирано предиво и пластика. Почнувајќи од впечатливи, шарени портрети па сè до макотрпно зашиените градски пејзажи, нејзините плетени парчиња си играат со текстурата, бојата и нијансите, при што ја сведуваат уметноста на плетењето во едно сосема поинакво светло. Преку својата уметност, Хамилтон сака да ја подигне свеста за прашањата што го мачат општеството, особено во поглед на климатската криза. Нејзините дела имаат за цел да го прикажат односот меѓу човекот и животната средина, како и разорното влијание на човештвото врз нашата планета.

Уметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската криза

„Поради мојата загриженост (но и мала опсесија) со климатската криза, почнав да рециклирам и да користам колку што е можно повеќе од пластичниот отпад во моето домаќинство за моите дела“, вели Хамилтон.

Таа исто така додава: „Се надевам дека моите дела и материјалите од кои се изработени ќе ни помогнат да го преиспитаме нашиот однос со вештачкиот и природниот свет и дека навреме ќе го сопреме уништувањето на нашата планета. Се надевам и дека мојот бавен начин на работа наспроти брзиот ритам на модерното живеење ќе нè поттикне да забавиме и да го цениме она што го имаме, наместо постојано да бараме нешто повеќе“.

Во продолжение погледнете ги нејзините уметнички дела.

Откако ги погледнавте овие неверојатни уметнички дела, можеби ќе сакате да погледнете и како можете да се изборите со здодевноста преку плетење.

Извор: mymodernmet.com

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар