Улична уметност која станува комплетна само навечер
Уличната уметност не е веќе интересна само заради тоа што често се појавува на забранети места. Таа во последно време се комбинира со околината и на тој начин создава интересни илузии и дела кои се комплетни само кога се набљудуваат во целина.Таков е случајот и со уметничкото дело на артистот Above кој нацртал брејк денсер кој се потпира на сенката од еден уличен знак во Лондон. Секако, сенката е видлива само навечер, па денски изгледа како тој да лебди во воздух, додека навечер создава илузија дека се потпира на сенката од знакот.Му биле потребни 7 месеци за да ја пронајде совршената локација.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.