Учителка од 1876-та година изработила јорган со сончевиот систем за да ги учи децата астрономија
За многу учители, нивната работа е многу повеќе од само предавање на лекцијата. Често овие луѓе ги надминуваат основите барања и посветуваат време и енергија за да ги инспирираат нивните ученици што е можно повеќе.
Една учителка со ваква посветеност на своите ученици била Елен Хардинг Бејкер, која била и американски астроном. Таа живеела во 19-тиот век и е позната по нејзиниот навистина креативен метод на учење. Се верува дека поминала 7 години везејќи го целиот сончев систем на јорган што го користела за предавање на нејзините часови.
Јорганот бил завршен во 1876-та година и е со должина од 269, а широчина од 226 метри. Јорганот е направен од црна волна и е извезен со шарен конец од волна и свила.
Слично како илустрациите од сончевиот систем во книгите за астрономија од тој период, во средината се наоѓа сонцето, околу него осумте планети од системот, како и појас астероиди и многу ѕвезди.
Месечината на Земјата, месечините на Јупитер, како и дел од месечините на Сатурн, Нептун и Уран се вклучени во делото како мали извезени точки. Прстените на Сатурн се прикажани со жолта боја. Во горниот лев агол се наоѓа и голема комета и најверојатно ја претставува Халеевата, која тогаш последен пат била видена во 1835-та година.
Јорганот со сончевиот систем на Бејкер сега се наоѓа во Националниот музеј на американската историја Смитсонијан. Иако моментално не е изложен, неговата вредност и неговото значење живеат до денес.
Погледнете ги и делата на оваа уметница која користи конец за да создаде неверојатни пејсажи.