Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус

Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус

10 години по нејзиниот 11-ти спонтан абортус, загубата на една нејзина пријателка ја инспирирала фотографката Даен Јиделсон да создаде трогателна, но моќна фото серија наречена „Изгубено“.

(1) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус

„Се водев од сопственото искуство“, објаснува таа. „Неодамнешното искуство со мојата пријателка ме натера да ја отворам белата кутија во мојот шкаф кој безбедно ги чуваше сите спомени на моите изгубени бебиња. Помина долго време откако последен пат ја отворив, и како што ги наредив сите нешта од неа на мојот кревет, почувствував дека оваа приказна треба да биде документирана.“

(2) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус

Нејзината надеж е дека преку споделувањето на овие фотографии со светот, таа ќе може да допре до голем број жени и мажи кои ја искусиле застрашувачката болка која доаѓа со губење на бебето. Таа сака да им покаже дека не се сами во своето патување. Црно-белите фотографии ги покажуваат спомените за сите нејзини изгубени бебиња, вклучувајќи облека, капи и играчки. Но, најважните детали се токму имињата на бебињата и нивниот сонограм.

(3) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус

Фотографиите освоиле многу награди, но тоа што најмногу ја исполнува оваа фотографка е позитивниот одговор кој го добива од луѓето ширум светот.

(4) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус

„За мене, многу поголема вредност има фидбекот од илјадниците жени и мажи кои најдоа начин да ме контактираат со цел да ми кажат дека ја ценат мојата работа и дека овие фотографии не само што ги тешат, туку и ги мотивираат да почнат да зборуваат и да го споделуваат нивното искуство“, вели таа.

(5) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус

Даен се надева дека нејзините фотографии ќе помогнат да се засили информирањето за спонтаните абортуси, како и да се зголеми сфаќањето за нивното значење. Сите познаваат барем една личност која поминала низ ова искуство, без разлика дали е мајка, сестра, ќерка, сопруга или пријателка. Токму затоа и многу е важно да бидете полни со разбирање и да го поддржите нивното емоционално патување.

(6) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар