Татко ги претвора смешните разговори со неговата ќерка во интересни илустрации
На сите им е познато дека децата знаат да ги кажат најсмешните работи. Но понекогаш и родителите се оние кои им кажуваат смешни работи на нивните деца. Токму затоа и еден татко решил да ги илустрира сите интересни и бизарни изјави од разговорите со неговата ќерка.
Мартин Брукнер, таткото на 5-годишната Харпер, изјавил дека идејата ја добил додека вечерал со своето семејство. Неговата сопруга ѝ рекла на Харпер: „Те молам немој да ставаш шпагети помеѓу прстите на нозете.“ Брукнер тогаш искоментирал колку интересно звучело тоа. Подоцна, истиот ден, тој ѝ рекол на Харпер „Дали повторно го фрли сирењето во кадата?“ Оттогаш решил да ги забележува сите чудни работи кои ги изговарале, па така се родил овој проект. Во продолжение погледнете ги интересните илустрации на Мартин.
Продолжете на следната страница за повеќе илустрации…