Станче кое би го посакал секој студент
Архитектите од компанијата „Ruetemple“ прифатиле еден многу интересен проект, да дизајнираат стан од 33 метри квадратни, предвиден за двајца студенти, брат и сестра. Студиото се наоѓа во Москва, Русија, а тие требале да обезбедат простор за учење, но и за рекреација. Од сликите можете да се уверите дека тие одлично си ја завршиле работата.
„Работниот простор е фиксен, додека просторот за рекреација е динамичен и може да се менува, благодарение на коцката која може да се трансформира. Коцката се состои од три делови. Зависно од позицијата на деловите од коцката, просторот се менува во дневна соба, удобна соба за релаксација или во спална со еден или два кревети“ – велат од компанијата.
Дефинитивно, најинтересни се мрежите поставени на горниот кат, на кои удобно можете да се оптегнете и да уживате.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.