Совршени уникатни парчиња кои ќе го разубават вашиот дом (+ПОДАРОК)
Имагинацијата на вистинскиот уметник нема граници. За креативниот ум, сѐ може да се претвори во уметност. Секој предмет изработен од Срна Дамчевска е автентичен и посебен на свој начин, збогатен со детали кои дополнително му даваат уникатен карактер.
МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!
1. Како се роди љубовта кон рачната изработка?
Рачната изработка секогаш била дел од мојот живот. Уште од мали нозе често цртав на стакло или работев со глина и хартија, и тоа секогаш остана дел од мене.
2. Од каде ја црпиш идејата за создавање на овие уникатни парчиња? Кои се најчестите мотиви што те инспирираат?
Идеите најчесто ми доаѓаат од моменталното расположение. Како два најчести мотиви ги издвојувам мандалите и флората.
3. Кој вид дрво најчесто го користиш? Колку дрвото е специфично за работа и дали е потребен посебен алат?
Во зависност од тоа што цртам, користам даб, бука и орев. Секој вид дрво различно гори и секое дрво различно се подготвува за работа. Најголемата разлика меѓу дрвата е влагата и мекоста, од кои понатаму зависи дали дрвото е спремно за работа и понатамошно користење. Се користи посебен алат наречен пирограф, кој развива голема температура од 600°C и нагоре. Тој е специјално наменет за горење на дрво.
4. Кое е твоето омилено парче што го имаш дизајнирано?
Омилено парче ми е која било од лажиците за готвење!
5. Може ли да се заработува од ваков вид хоби? Знае ли македонскиот купувач да ја почитува рачната изработка?
Сметам дека за добро заработување треба многу голема инвестиција и напор. Пирографијата е доста специфична и токму поради тоа бара огромен труд и внимание. Мислам дека со порастот на базарите луѓето гледаат колку значи уникатноста на едно парче и сè повеќе се цени нашиот труд како ракотворци и самата рачна изработка.
6. Која ти е најверната публика и клиентела? Каде можат да те најдат нашите читатели?
Сите оние кои живеат во рустикален стил или сакаат да внесат промена во нивниот стил. Моментално сум најбрзо достапна на Инстаграм како @elaincrafts, додека веб-сајтот не се заврши, преку кој ќе може да се прават директни нарачки.
Интервју: Ана Ќурчиевска