Совршени несовршености: Убавината на животните со физички недостатоци

Совршени несовршености: Убавината на животните со физички недостатоци

Кучиња со три нозе и мачиња без очи… Фотосесијата „Совршени несовршености“ ја слави внатрешната убавина на животните кои успеале да ги надминат нивните физички попречености и да се адаптираат на физичкото слабеење.

Хана, триножен загар, која е спасена и добро згрижена

Хана, триножен загар, која е спасена и добро згрижена

Сликани со голема внимателност и грижа од страна на австралискиот фотограф на животни – Алекс Сернс, на секоја фотографија блеска убавината на животното, чинејќи го нивниот физички проблем скоро невидлив.

Спасеното куче Енди кое пати од шуга

Спасеното куче Енди кое пати од шуга

„Една од моите најголеми страсти како фотограф на животни е да ги уловам слатките нежности поради кои секое животно е уникатно и бесценето. Го сакам секое животно кое имам привилегија да го фотографирам, но оние кои се ‘поинакви’ имаат посебно место во моето срце.

Тоа се животните кои изгубиле нога, кои се родиле без очи, или сѐ уште имаат лузни од поранешно малтретирање. Голем број од животните со ‘мака’ не само што живеат со својата попреченост, туку се приспособуваат на нивните тела без да се жалат и преживуваат поради нивната одлучност. Тие продолжуваат сакајќи да бидат вклучени во сѐ што можат онолку колку што другите животни можат.“

Оваа фотосесија им е посветена на Савана и Роуди. Двајцата живееја со радост и достоинство. Нека почиваат во мир.

Савана - кучето ротвајлер на кое му вметнале имплант во предната десна нога, откако изгубила половина нога поради агресивен рак. Почивај во мир.

Савана – кучето ротвајлер на кое му вметнале имплант во предната десна нога, откако изгубила половина нога поради агресивен рак. Почивај во мир.

Роуди  ја изгубила предната нога поради агресивнен рак. Почивај во мир.

Роуди ја изгубила предната нога поради агресивен рак. Почивај во мир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар