Солзите предизвикани од радост и од тага изгледаат различно под микроскоп

Солзите предизвикани од радост и од тага изгледаат различно под микроскоп

Секоја солза изгледа различно и токму тоа фотографката Роуз-Лин Фишер успеала да ни го покаже со огромни детали. Како дел од нејзиниот нов проект наречен „Топографија на солзите“, таа со помош на микроскоп ни покажува една неочекувана перспектива на познатите човечки солзи.

Погледнати под микроскоп, различни видови на солзи имаат различна структура

Солза предизвикана од вечно обединување

Пред околу 5 години таа имала операција на колкот каде што можела од многу блиску да види дел од коската и токму тогаш сфатила дека всушност сѐ што гледаме во нашите животи е само мал дел од она што постои. И веднаш потоа се запрашала како би изгледале солзите одблизу… Токму затоа таа уловила една своја солза, ја исушила и ја погледнала низ обичен светлосен микроскоп.

„Беше многу интересно. Изгледаше како поглед од многу високо, исто како да гледате пејзажи од авион,“ вели таа. „Со тек на време почнав да се запрашувам дали солзите од тага и солзите радосници би изгледале различно? И какви би биле тие во однос на солзите кои се предизвикани од кромид?“

Погледнати под микроскоп, различни видови на солзи имаат различна структура

Солза предизвикана од промена

Научно гледано, според потеклото солзите се поделени во 3 различни типови. Од една страна имаме солзи кои се поттикнати од екстремни емоции, како оние кои настануваат од тага или радост. Потоа основни солзи, кои постојано се испуштаат во мали количини со цел да се одржува окото влажно. И на крај, третата категорија ја сочинуваат рефлексните солзи кои настануваат како одговор на иритирачка дразба, како прашината, кромидот и слично.

Погледнати под микроскоп, различни видови на солзи имаат различна структура

Солза предизвикана од почеток и крај на нешто

Сите солзи содржат различни видови биолошки супстанци (масла, антитела, ензими…) кои се задржани во солена вода, но како што Фишер забележала, солзите од различни категории се составени од различни молекули и токму затоа тие изгледаат толку различно одблизу. Неверојатно, се согласувате?

Погледнати под микроскоп, различни видови на солзи имаат различна структура

Солза предизвикана од лупење кромид

Погледнати под микроскоп, различни видови на солзи имаат различна структура

Солза предизвикана од тага

Погледнати под микроскоп, различни видови на солзи имаат различна структура

Солза предизвикана од радост

Погледнати под микроскоп, различни видови на солзи имаат различна структура

Основна солза

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар