Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Италијанскиот фотограф Габриеле Галимберти обожава да патува околу светот, во потрага по некоја нова авантура, добра приказна и интересни луѓе. За неговиот последен проект насловен „Toy Stories“ тој потрошил 18 месеци фотографирајќи деца од разни делови од светот, со нивните омилени играчки.

Чива – Мекинчи, Малави

Жаклин – Манила, Филипини
Тој не очекувал да открие нешто што веќе не го знаеме: „На таа возраст, сите деца се прилично исти. Тие сакаат само да си играат.“ Но, начинот на кој си играат, очигледно се разликува од земја до земја. Галимберти открил дека децата во побогатите држави се попосесивни кон нивните играчки и не дозволуваат некој друг да им ги допре. Во сиромашните држави, некои деца имале само 2-3 играчки, но не им претставувало проблем ако некој друг им ги користи. Така, во Африка децата најмногу си играле надвор, со нивните другарчиња.

Тангавитси – Кикорок, Кенија
Но, сепак постојат и голем број сличности помеѓу децата, во однос на улогата која ја имаат играчките во нивните животни. Така, едно 6-годишно момче од Тексас и 4-годишно девојче од Малави си играат со исти играчки – пластични диносауруси, за кои обајцата сметаат дека ги штитат од опасностите коишто ги чекаат во ноќите.

Јулија – Тирана, Албанија
Воедно, интересно е тоа дека играчките честопати го рефлектираат и родното место на децата. Момчето од рурално Мексико обожава камиони, бидејќи секојдневно ги гледа како поминуваат низ неговото село, кога се движат накај шеќерната плантажа во близина. Дете од Летонија, сака да си игра со минијатурни колички бидејќи неговата мајка возела такси, додека пак едно девојче, ќерка на италијански фармер, има цел асортиман од пластично гребло, мотика и лопата.

Орли – Браунсвил, Тексас
Работејќи за овој проект, Галимберти научил и многу работи за родителите на децата. Така, родителите од средниот Исток и Азија ги терале нивните деца да се фотографираат, без разлика што тие биле на почетокот нервозни или вознемирени. Од друга страна, родителите од Јужна Америка биле многу релаксирани и му рекле на фотографот дека може да си ја работи работата како сака, сѐ додека нивните деца немаат ништо против тоа.

Ботел – Маун, Боцвана

Ли Ја Чен – Шенјанг, Кина

Алесија - Кастиљон Фиорентино, Италија

Енеа – Болдер, Колорадо

Абел – Нопалтепек, Мексико

Лукас – Сиднеј, Австралија

Наја – Манагва, Никарагва

Ралф – Рига, Летонија

Арафа и Аиша – Бубубу, Занзибар

Тајра – Стокхолм, Шведска

Мауди – Калулуши, Замбија
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.