Слатки фотографии со мачки и кучиња стари повеќе од 100 години
Овие фотографии се направени од страна на американскиот фотограф Хери Витиер Фрис (1879-1953), кој ги облекувал неговите мачки и кучиња и ги фотографирал во ситуации во кои најчесто се наоѓаат луѓето.
Тој употребувал специјално направена опрема, која ја изработиле неговите родители, за да ги држи животните мирни и исправени. Започнал да го прави ова, кога за време на неговата роденденска забава во 1906 година, една хартиена капа паднала од масата и слетала врз главата на неговата мачка. Тој ја фотографирал и оттука почнала серијата интересни фотографии.
Потоа почнал да создава фотографии, однапред смислувајќи интересни сценарија, а тие почнале да се појавуваат на разгледници, календари, книги, на материјали за маркетинг, а и неколку списанија објавиле дел од неговите слики.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.