Скулптури и портрети од стари весници и книги
Автор: Весна Јовановска
Американскиот уметник Ник Георгиу не се откажува од намерата весниците да ги врати меѓу читателите. Од купишта хартија за рециклирање, тој прави вистинска уметност. Изработува портрети и скулптури од стари локални весници и книги, со цел вниманието да го сврти кон пишаниот збор. Неговите дела, како да зјапаат во вас и како да се обидуваат да ви соопштат нешто. Додека ги гледате, имате чувство дека во секој момент, пред вас ќе ги исфрлат сите информации и приказни, испишани на листовите хартија од кои се изработени.———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.