Што се случува кога графичките дизајнери ги користат своите вештини за да направат колачи?
Што би сакале да бидете повеќе, пекар или дизајнер? На ова прашање Холи Фокс би одговорила „двете“. За неа, вистинската професија е кога комбинирате и спојувате различни бои и дизајни и кога како резултат се случува нешто интересно, а во овој случај и вкусно.
Графичката дизајнерка од Лос Анџелес, Холи Фокс, ја споила својата страст за колоритни дизајни на печивата и колачите со нејзините графички способности и ги направила овие преслатки шеќерни колачиња.
„Започнав да печам и да правам колачи пред 5 години и тоа сосем случајно, за да видам дали можам да откријам како функционира филувањето на тортите. Оттогаш, мешам многу бои и многу накит и јас тоа го обожавам“, вели Холи.
Погледнете ја нејзината слатка галерија.