Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

Без оглед на тоа дали се работи за нова кујна или за реновирање на спалната соба, преуредувањето на домот на почетокот на годината може да биде добра идеја. Реалноста е дека тоа може да биде прилично скапо. За среќа, постојат поевтини начини да го освежите просторот. Во продолжение прочитајте ги нашите трикови за како да го трансформирате домот во рок од 60 минути.

Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

Инвестирајте во голем тепих

Вообичаеното размислување е дека доколку мебелот е поголем може да остави илузија дека просторот е помал, но всушност е спротивно. Големиот тепих може да помогне просторијата да остане пространа. Трикот преку кој ќе создадете илузија дека спалната соба е поголема е да го поставите тепихот само под половина од креветот.

Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

Сменете ја положбата на мебелот

Дали вашиот мебел сè уште стои на истото место откако се преселивте? Нема потреба да трошите пари на нов мебел кога можете одново да го употребите стариот. Дозволете креативноста да ве води и направете нов распоред на мебелот во домот.

Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

Купете големо огледало

Големите огледала се одлични како фокусни точки и се совршени за брзо украсување. Покрај тоа, големото огледало изгледа одлично во секој простор и најдобрата опција би била доколку го закачите на средината на просторот.

Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

Променете ги ламбите

Ламбите можат целосно да ја променат естетиката на собата, па затоа најдобра опција би била широки светилки кои рамномерно ќе ја рашират светлината низ просторијата и ќе ја направат поголема.

Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

Откако ги прочитавте нашите совети за трансформација на домот, можеби ќе сакате да прочитате и како да изберете модерни бои при преуредувањето на вашата бања.

Извор: zadovoljna.nova.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар