Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци

Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци

Сместена во планините на Западна Вирџинија, САД, оваа интересна колиба е изградена од страна на фотографот Ник Олсон и дизајнерката Лајла Хорвиц, од стари, употребени прозорци. Издигнатата куќа, далеку од нивниот дом во Милвоки, Висконсин, има креативна фасада со прозорци во различни големини, која му дава артистички стил, кој е истовремено модерен и рурален. Куќата пред сè ја презентира трудољубивоста и штедливоста на овој пар.

Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци

Собирајќи ги повеќето од потребните материјали од околната напуштена плевна, креативното дуо успеало да ја конструира оваа неверојатна стаклена колиба, за само 500 американски долари и неколкумесечна напорна работа.

Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци

Олсон и Хорвиц не престојуваат постојано во колибата, бидејќи примарно живеат во нивниот дом во Милвоки, но уживаат одвреме-навреме да побегнат во фантастичната природа. И покрај тоа што во колибата нема струја и водоводна инсталација, сепак таа нуди освежувачка уникатност, која совршено се вклопува со природното окружување.

Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци

Хорвиц вели дека кога заоѓа сонцето, во колибата се создава спектакуларно лајтшоу низ прозорците. „Тогаш изгледа како да гори оган низ целата куќа“ – вели таа.

Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар