„Шанел“ со нова хипнотизирачка реклама
Француската куќа за висока мода дефинитивно донесе вистинска одлука со ангажирањето на Питер Филипс – креативниот директор на Chanel Make Up. Тоа е човекот кој успева да додаде елегантен, луксузен допир на буквално сè што е убаво и светкаво во светот на Шанел. Во ера на модата кога се прашувате што уште може да се измисли, Питер Филипс е оној кој моделите на Шанел ги прошета по пистите на високата мода со „дијамантски веѓи“ и оној кој од нешто веќе сосема неповратно, како привремените тетоважи, создаде вистински хит.Последната сензација креирана под палката на Филипс е промотивната реклама за новите Шанел кармини – Rouge Allure, претставувајќи дел од неодоливите 16 нови нијанси во хипнотизирачкото видео „Mirror, mirror“. Биле потребни цели 4 часа за да се нанесе секое парченце стакло и кристал посебно на лицето на моделот. А љубовта на Филипс кон светкавите нешта е повеќе од јасна:
„Одблесокот е повеќе од само еден замрзнат миг. Тоа е еден синџир на слики, затоа што се движи, како огномет. И тоа е нешто што може да се види само во филмот или во реалниот живот.“
Ако целта била да е невозможно да се одвојат очи, може да се каже дека е постигната.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.