Секоја година овие браќа прават џиновски фигури од снег
Направивте снешко оваа година? Епа некој направил џиновска желка висока 3,5 метри. Остин, Конор и Тревор Брац се тројца браќа од Минесота кои дефинитивно знаат како да му се радуваат на снегот. Тие секоја година во нивните дворови со здружени сили прават големи фигури од снег.
Тие објаснуваат дека фигурите ги прават така што натрупуваат голема количина снег на еден куп, а потоа ја формираат саканата фигура. Ни најмалку не е едноставно бидејќи на една фигура работат со недели. На пример, за овогодишната желка им биле потребни цели 300 часа!
Во рок од 4 години овие момчиња создале повеќе снежни фигури кои се навистина забавни. Она што е навистина кул е тоа што може да видите колку момчињата пораснале на секоја од фотографиите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.