Романтична лулка за заљубените парови
Оваа романтична лулка т.н. „Mua“ (бакнеж), претставува симбол на љубовта помеѓу партнерите кои се во врска. Дизајнирана е од Виктор М. Алејман за луѓето кои чувствуваат љубов во нивните срца. Инспирацијата за овој романтичен дизајн, е разменувањето страсни бакнежи, чувството на прекрасно скокоткање на срцето и самата љубов кон партнерот.Дизајнот на лулката е направен да се прилагодува, т.е. да се менува во различни облици и евентуално да се претвори во големо срце онаму каде што постои љубов. Лулката може да се користи во домашни услови, на пример во спалната соба каде партнерите ќе се релаксираат и љубат, а може да се закачи и надвор на дрво или на друг фиксен објект.На лулката „Mua“ има две седишта, кои меѓусебно се испреплетуваат со цел да создадат ефект на срце, при што заљубените можат да гледаат еден во друг или заеднички да гледаат кон надворешноста, на пример во прекрасното зајдисонце.За романтиката да биде целосна, седиштата се направени во црвена боја, а за дизајнот да биде единствен и неверојатен сам по себе, кај едниот од партнерите во срцето ќе се направи сенка од сонцето, поради идеално искривениот облик. Уште ако се додадат меки пернички и ќебенца, на бакнежите и милувањата ќе им нема крај. 🙂