Рок бар кој ве носи на патување околу светот
Барот „The Passenger Bar“ е лоциран во Мадрид, Шпанија, а е инспириран од старомодните возови од 20-ти век, уреден со многу кожа, бакар и темно дрво. Но, она што го прави уникатен, е фактот дека овој бар-воз ги води неговите гости на прошетка околу светот, без да ги напушти неговите темели.
Овој кафе бар преку ден и рок бар навечер, им нуди илузија на движење на неговите посетители. Трите „прозорци“ покрај седиштата, се всушност видео екрани кои се програмирани да покажуваат синхронизирано движење кое се пренесува од еден кон друг прозорец, кои создаваат чувство дека гледате низ вистински прозорец додека се возите во воз. Па така, додека пиете кафе или коктел во ова интимно место, ќе уживате во убавиот урбан поглед или природна убавина низ која минувате „по патот“.
Видеата ги креирал шпанскиот видео артист Франгер, а фотографиите од урбаните сцени и пејзажите се направени од вистински возови, кои возат ширум светот. Фантастична идеја нели?!
Дизајнерите на овој бар од компанијата „Parolio“ биле инспирирани од долгиот и тесен простор, па така продолжиле со концептот за создавање бар кој наликува на воз. Доследни во врска со рок музиката која е присутна во вечерните часови, тие го декорирале ходникот со фотографии од најголемите ѕвезди од класичната рок музика, фотографирани во возови и железнички станици. Сопственици на овој бар се младите шпански актери Родриго Тарамона и Џими Кастро.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.