Родители и мало бебенце рекреираат сцени од култни филмови
Секоја недела во последните три месеци, родителите Лили и Леон Маки заедно со нивното 10-месечно бебенце Орсон рекреирале сцени од филмови, а целиот проект го нарекле „Cardboard Box Office“.
Тие пред кусо се преселиле од Нов Зеланд во Сиднеј, Австралија, па сфатиле дека немаат што да прават со огромниот број празни кутии кои им останале од пакувањето и тука се родила идејата за овој проект.
„Бидејќи драстично ни се промени социјалниот живот, решивме да најдеме начин како да си ги направиме викендите позабавни. Сите костуми, реквизити и сцени целосно се создадени од домаќински предмети, играчки, картонски кутии и од тројца индивидуи кои пополека почнуваат да го губат разумот.“ – велат тие
Доколку ви се допаѓа проектот на ова семејство, следете го на нивниот веб-сајт, како и на фан-страницата на Фејсбук.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.