Ретро футуристички паб кој ве води во светот на фантазијата

Ретро-футуристички паб кој ве води во светот на фантазијата

Веднаш штом го пречекорите прагот на влезот од пабот „Joben Bistro“ ќе се најдете во неверојатен свет на фантазијата. Овој паб кој се наоѓа во Романија, е уникатно дизајниран од страна на студиото „6th Sense“ така што изгледа како да е директно извлечен од страниците на Жил Верн или Х. Г. Велс. Тој е поделен на 3 простории во кои има мрежа од театарски инсталации и интересно дизајнирани елементи кои го прават овој паб исклучително креативен, но и удобен.

Ретро футуристички паб кој ве води во светот на фантазијата

Она што навистина го прави овој паб неверојатен и иновативен е степенот на детали кои се инспирирани од научната фантастика, поточно од стимпанк (област од научната фантастика која вклучува парни машини). Целиот дизајн во просторот има свој допир на псевдо-Викторијански стил или ретро-футуристички. За љубителите на научната фантастика и фантазијата, овој паб е совршеното место за посета. Погледнете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар