Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинс

Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинс

Шведскиот артист Ијан Бери, познат под уметничкото име Дениму, работи исклучиво со парчиња тексас во разни нијанси на сино и на нив „слика“ пејзажи и луѓе. „Сликите“ на овој артист претставуваат извонредна мешавина од бои, нијанси и облици. За разлика од традиционалните сликари кои можат да ги измешаат боите сè додека не ја добијат нијансата која им е потребна, Дениму се соочува со многу потешка задача, отсекувајќи ја внимателно секоја нијанса, така за да одговара на предметот кој се илустрира.

Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинс

Првпат почнал да се занимава со арт на џинс кога по студирањето се вратил во своето гратче од детството Хадерсфилд, Англија во 2006 година. Таму начекал куп стари фармерки, кои веројатно ќе завршеле во добротворни цели. Но, артистот Дениму видел можност за реупотреба на оваа ткаенина на уникатен начин. Почнал да експериментира со текстилот додека истовремено учел како да манипулира со боите, користејќи белило, матрици за цртање и лепак. За една слика му требаат неколку недели, а за тоа време тој макотрпно сече, шие и лепи парчиња создавајќи импресивни ремек-дела.

Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинс

Бери почнал да работи на своите „слики“ од тексас со полно работно време откако бил отпуштен од работа како уметнички директор. Тој досега има изработено 80 „слики“, но очекува дека во иднина темпото ќе се намалува со оглед на тоа дека ќе посветува повеќе внимание на секое индивидуално дело. Понекогаш му треба половина ден само за да го најде вистинското парче тексас.

Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинс

„Веројатно ќе правам сè помалку и помалку секоја година, бидејќи сакам да правам поголеми слики со повеќе детали. Навистина би сакал да ги правам побрзо, но поважно ми е да работам подобро отколку побрзо. Имам сè повеќе нарачки, но во моментов сум повеќе концентриран на изложби во галерии. Мислам дека луѓето ќе почекаат ако навистина ги сакаат моите слики. Не сакам да заработам набрзина. И онака би прифатил само интересни нарачки.“

Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинс

28-годишниот артист неодамна се врати од изложба во Мајами, Флорида, каде што неговите дела достигнаа цена до 4.500 фунти за парче.

Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинс


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар