Реалноста без телефоните: Како би изгледале нашите фотографии без паметните играчки во рака?
Што ќе се случи доколку ги отстраниме телефоните од реалноста? Толку сме заразени со технологијата, што не сме свесни дека животот поминува покрај нас, а ние не сме дел од него. Среќни моменти или тажни, сите се пропратени со телефоните во рака или со некоја друга паметна играчка. Правиме слики во секакви изданија и ги објавуваме по социјалните мрежи, бидејќи штом не е ставено на интернет, никогаш не се ни случило, нели?
Она што е тажно во и така веќе тажната ситуација е фактот дека повеќе не се забележуваме едни со други. Заедно сме, но со телефоните во рака, не ги ни помниме луѓето, разговорите и местата. И стануваме сè потажни и поосамени. А тоа јасно и гласно може да се види на следниве фотографии на фотографот Ерик Пикерсгил. Но, она што недостасува на нив се токму телефоните…