Разубавете го вашиот Инстаграм со прекрасните фотографии на Дона Неделковска

Разубавете го вашиот Инстаграм со прекрасните фотографии на Дона Неделковска

Ако не ја следите Дона Неделковска, односно donnaoctober на Инстаграм, тогаш веднаш треба да го направите тоа! Нејзините креативни фотографии ќе ви го разубават уживањето на оваа социјална мрежа. Но, која е всушност Дона? Таа е стоматолог, чие хоби, фотографирањето, ѝ преминало во втора работа. Обожава хорор филмови и едно од најголемите и највпечатливите искуства во нејзиниот живот е 6-месечната работа на брод, каде што исто така била фотограф. Ве заинтересиравме? Прочитајте го нашиот разговор во продолжение, запознајте ја подобро и погледнете дел од нејзините најдобри фотографии…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌙 dona nedelkovska (@donnaoctober) on

1. Како ја откри твојата страст за фотографирање? И дали се сеќаваш на првата фотографија што ја имаш направено?

Кога ќе размислам, уште многу одамна, долго пред фотографијата да ми стане хоби/работа, секогаш јас бев таа во друштвото што беше задолжена за сликање. Постојано имав апарат со себе и скоро сите фотографии од средно и од целото наше дружење ги имам направено јас.

Првиот професионален апарат го купив кога имав околу 20 години и со него почна приказната на „donna october“ и моето посериозно навлегување во оваа област. Беше пролет кога го купив и мислам дека првата фотографија што ја направив беше расцветено дрво или некој цвет – класика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌙 dona nedelkovska (@donnaoctober) on

2. Го разгледавме твојот профил на Инстаграм, и воодушевени сме од фотографиите. Како наоѓаш инспирација и дали сакаш да пренесеш некаква порака со твоите дела или пак, едноставно само „ловиш“ моменти?

На мојот профил најчесто можат да се сретнат фотографии кои ги имам направено во природа чија убавина и константи промени ми се секогаш инспирација. Музиката и стиховите од омилените песни исто така знаат да ми дадат визија и емоција која потоа ја преточувам во фотографија.

Тука се и моите портрети – сега по најново ги викаат напредни селфиња, на кои можеби изгледа дека единствениот мој удел е тоа што позирам, но и зад тие слики се кријат исклучиво мои идеи, мотиви и планови што ги реализирам со помош на триножник и тајмер. Понекогаш ми помага и некој од најблиските, кои веќе ги имам истренирано и знаат точно што барам од нив кога ми треба асистент.

Исто така, позади секоја моја фотографија, дури и зад оние кои можеби не изгледаат така, има некаква порака или емоција која во тој момент сум имала потреба да ја споделам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌙 dona nedelkovska (@donnaoctober) on

3. Преферираш да фотографираш со мобилен или со фотоапарат? Исто така, дали користиш софтвер за обработка и отприлика колку време ти треба за да подготвиш една фотографија за објавување на Инстаграм?

Исклучиво со апарат. За обработка користам и Фотошоп и Лајтрум, иако Фотошоп ми е број еден. Интересна ми е и апликацијата Афтерлајф, која ја користам за дополнителен „винтиџ“ ефект што во моментов ми е актуелен. За обработка не ми треба многу време затоа што, генерално, на ист начин ги обработувам сите мои слики, и со оглед на тоа што веќе имам доволно пракса, прилично сум брза. И нестрплива за да објавам нешто ново.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌙 dona nedelkovska (@donnaoctober) on

4. Кога според тебе е најдоброто време за објава на Инстаграм, за фотографијата да допре до најмногу луѓе, и кои хаштагови најчесто ги користиш? И дали имаш омилен Инстаграм филтер?

Мислам дека нема најдобро време, веројатно различно е за секого, зависно од публиката. Иако сега со овој алгоритам нема правила.

Порано почесто користев хаштагови, сега ретко, само во ситуации кога соработувам со некој бренд и морам да ги спомнам или го пишувам името на артистот чиј стих сум употребила како наслов. Освен овие ситуации, хаштагот #mood ми е единствен којшто ми паѓа на памет и го користам почесто.

Омилен филтер моментално немам, а порано ми беше „Aden“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌙 dona nedelkovska (@donnaoctober) on

5. Би сакала ли да споделиш неколку совети за младите, талентирани македонски фотографи што се обидуваат да се пробијат на ова поле? Што е најважно за успех според тебе?

Мислам дека кога нешто се прави со срце и со душа, без разлика дали станува збор за фотографија или за нешто друго, резултатите се позитивни. Ова важи за сè во живот. Исто така треба време и трпение, и верувајте ова значи нешто, затоа што доаѓа од човек на кој трпението не му е силна страна.

Многу е важно на секое наше дело да имаме свој печат и нешто карактеристично за нас, свој стил и автентичност, а не само нешто што би им се допаднало на другите. Ама на крајот од денот, ова е мојот начин, а универзално правило нема. Некогаш сè што е потребно е само среќа и добар тајминг.

Од друга страна пак, имајте на ум дека не секогаш нашиот труд ќе има брзи резултати. Отсуство на каков било фидбек за нашиот труд може да делува многу разочарувачки и да се изгуби мотивација, ама некогаш треба и да му се даде време на времето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌙 dona nedelkovska (@donnaoctober) on

6. И за крај, дали би можела да издвоиш една твоја фотографија, што ти е навистина драга, и да ја споделиш приказната зад неа?

Буквално позади секоја фотографија имам некаква приказна или сентиментална вредност, ама има еден настан што ми се издвојува од сите. Станува збор за една фотографија од минатото лето, кога имав желба да направам фотосесија во поле со сончогледи и имаше само едно место во мојот град каде што локацијата ми одговараше и беше релативно блиску.

Тргнавме со друштво, и работата која требаше да трае 30 минути, се претвори во едно цело патешествие со расипан автомобил на половина пат до целта, пешачење од неколку километри, автостоп и најважно трка со времето – затоа што беше скоро зајдисонце, односно имавме преостанато само уште малку дневна светлина.

Со оглед на тоа што тој викенд ми беше последен во Македонија, следната недела требаше да одам во странство на 6 месеци, па немаше воопшто простор за одложување и откажување. Но, поради самата желба и секако, мојот инает, успеавме да пристигнавме на локацијата буквално 10 минути пред да се стемни и мисијата беше успешна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌙 dona nedelkovska (@donnaoctober) on

Ви се допаднаа овие фотографии? Запознајте ја и Николина, мајка на две неодоливи дечиња, која ќе ве освои со своите одлични фотографии на Инстаграм.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар