Раскошна куќа во облик на лист
На брегот од јужниот дел на Рио де Жанеиро, од бразилскиот пејзаж произлегува куќа во форма на шест листови, како да е составен дел од природата.„Casa Folha“ (куќата лист), која е дело на архитектите Мареинес и Паталано, е големо тропско прибежиште, чиј покрив изгледа како шест ливчиња во облик на цвет, кои во суштина штитат од жешкото сонце, а под нив се крие најрелаксирачкиот двор на светот, романтична спална соба, гостопримлива трпезарија која отвора апетит и други приватни и гостински простории.Наместо стандардни врати, просторот го делат стаклени шибер врати, што му дава на домот широчина и топлина и овозможува да се оствари интеракцијата помеѓу човекот и природата. Ако ги отворите вратите, мирисот на морето ќе навлезе насекаде низ просторот. Во овој дом сè е во знакот на природата и летниот период, кога сите грижи собрани во текот на годината, одеднаш исчезнуваат.Ентериерот, исто како и листовите, е инспириран од природата. Мебелот, ѕидовите, подот, завесите и сè останато е искомбинирано во различни нијанси на земјени тонови, кои создаваат чувство како да живеете на некоја тропска плажа.Осветлувањето во „Casa Folha“ е многу интересно, бидејќи сокриените светилки, успеваат да му дадат вистински карактер на овој дом, во вечерните часови.Во секој случај, оваа куќа не изгледа ни малку полошо и во текот на денот, кога нејзиниот природен акцент, блеска со највисок сјај.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ja sakam prvata kuka mnogu e ubava kolku pari ja prodavate imame namera da ja kupime..!??
Kukata e izvonredno ubava.