Рачно изработен накит со цвеќиња кои никогаш нема да овенат
Артистката Паула Шиау, уште позната и како „Ресити“, создава накит кој изгледа како да е дел од бајките и приказните. Таа користи свежо набрани и потоа исушени цветови кои херметички ги затвора во полирана и стврдната смола или деликатни стаклени садови закачени на синџирчиња. Можеби најуникатниот и најспецифичниот дел од работата на Ресити е тоа што цветовите никогаш нема да овенат, па така вечно ќе останат симбол на романсата и нежноста претставена во нејзиниот рачно изработен накит.
Инаку, Паула моментално студира уметност и дизајнира накит како хоби, имајќи целосна поддршка од своето семејство. Таа се надева дека еден ден ова нејзино хоби ќе прерасне во идна работна кариера.