Пролетни маски за смартфони кои се составени од вистински цвеќиња
Мобилни телефони. Светот е едноставно зависен од нив. Животот каков што досега го знаевме, едноставно не постои веќе. Никој нема време да застане и да ги помириса ружите. Но, веќе нема да морате да го направите тоа, бидејќи благодарение на овие маски за смартфони, вие можете да ги носите цвеќињата со вас, каде и да одите.
Овој иновативен дизајн бил создаден од „HouseOfBlings“, чии производи се достапни на Etsy. Живите дизајни вклучуваат вистински цвеќиња кои се заробени во маските од кои дел изгледаат како букет, други како дрвја, но сите подеднакво свежо и пролетно. Зарем има подобар начин на кој можете да го украсите вашиот смартфон во текот на овие неколку месеци?