Прекрасен снежен хотел во Шведска во кој можете да престојувате
Хотелите направени исклучиво од мраз веќе не се новост, но толку се убави што не можат да се игнорираат новите кои се појавуваат. Најстариот од нив, а воедно и најголем е „Ајсхотел“ во Шведска. Прв пат е изграден пред 25 години во Јукасјерви, мало гратче на северот на земјата со 1.100 жители и 1.000 кучиња. Овде секоја година се собираат уметници и архитекти за да дизајнираат нови апартмани на местото на оние кои се стопиле, претворајќи го местото во голема изложба. Возможно е дури и да престојувате овде. Потребно е само добро да се облечете затоа што температурата внатре може да оди до -7 степени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.