Префинето боемско прибежиште на Алпите
Оваа прекрасна куќа се наоѓа на француските Алпи во близина на туристичкото место Межев. До пред извесно време била обична традиционална куќа на фармери, но откако ја уредил белгискиот декоратер Лионел Жадо таа се претворила во префинето боемско прибежиште, идеално за уметничките души во зимските денови. Кога временските услови го дозволуваат тоа, тие најмногу ќе уживаат на терасата на вториот кат, од каде што можат да се воодушевуваат на живописните Алпски пејзажи.
Жадо оставил цел ѕид наменет за прозорец за да може да се ужива во таквата глетка и од удобниот кревет крај каминот. Мебелот изгледа старомодно, со цел да го долови боемскиот амбиент, а носи печат од разни култури од Европа, Африка и Азија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.