Полски уметник создава неверојатни реалистични портрети!
Инспириран од традиционалното сликарство, полскиот уметник Damian Lechoszest креира неверојатни реалистистични портрети кои се проткаени со чувство на носталгија. Неговите маестрални портрети ја доловуваат индивидуалноста на секој од субјектите. Уште поинтересно е што, за да го прикаже тоа, уметникот ги фотографира своите субјекти заедно со нивните портрети. На тој начин се истакнува реализмот во неговите дела. Освен тоа, тој користи елементи и на импресионизам и апстракција за колку што може попрецизно да го долови неговото сопствено видување за секој од субјектите.
Откако ги погледнавте овие неверојатни портрети, можеби ќе сакате да ги видите и портретите кои ја доловуваат неразделната врска помеѓу девојче и нејзиното куче.
Извор: mymodernmet.com