Погледнете го неверојатниот дом на Заха Хадид што чини 5 милиони евра

Погледнете го неверојатниот дом на Заха Хадид што чини 5 милиони евра

Легендарната архитекта Заха Хадид многупати го има оставено својот белег во светот. Иако е лесно да го проучувате нејзиниот стил во јавните градби што ги дизајнирала, дали некогаш сте се запрашале што би направила со нејзиниот дом? Додека работела за еден музеј во Мајами, Заха живеела во апартман на Југозападната плажа. Неодамна тој се продаде и за прв пат можете да погледнете внатре.

Погледнете го неверојатниот дом на Заха Хадид што чини 5 милиони евра

Домот од 236 метри квадратни има поглед кон Атлантскиот Океан и е исполнет со линиите препознатливи за Заха. Футуристичкиот апартман има 3 бањи, 4 спални соби и е вистинско ремек-дело достојно за еден архитект.

Погледнете го неверојатниот дом на Заха Хадид што чини 5 милиони евра

По смртта на Заха во 2016-та година, домот бил ставен на продажба по цена од околу 8,5 милиони евра пред да биде спуштен на 5,5 милиони евра. Неодамна домот е продаден за нешто помалку од 5 милиони евра.

Погледнете го неверојатниот дом на Заха Хадид што чини 5 милиони евра

За да го создаде луксузниот простор, Заха купила два одделни апартмани и ги споила. Прозорците од подот до таванот го исполнуваат просторот со природна светлина и нудат неверојатен поглед кон океанот. Дали би сакале да живеете овде?

Погледнете го неверојатниот дом на Заха Хадид што чини 5 милиони евра

Погледнете го неверојатниот дом на Заха Хадид што чини 5 милиони евра

Доколку сакате нешто необично, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој неверојатен дом сокриен во пештера.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар