Погледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на Земјата
Кога фотографот Чарли Кордеро прв пат слушнал за Санта Круз Дел Ислоте, мал густо населен остров во Колумбија, бил вчудовиден. Отсекогаш го фасцинирале луѓе кои успеваат да преживеат во тешки околности, а овој остров веднаш се истакнал.
На островот има ограничен пристап до вода, храна и струја, но овде сепак живеат 46 семејства во 97 куќи, на површина од 10.033 метри квадратни.
„Сè што знаевме за ова место е дека е далечен и малку познат остров кој жителите не сакаат да го напуштат. Голем број луѓе живеат на толку мал простор. Веднаш знаев дека е место кое заслужува да биде познато.“
Неговите први фотографии од овој проект биле објавени минатиот август во New York Times и ги прикажуваат збиените живеалишта на жителите.
„Пред 150 години, овој остров бил мал и ненаселен со помалку од хектар земја кој пловел сред Карипското Море. Рибарите од Картагена и Толу го користеле местото за одмор и заштита од бури.“
Островот е лоциран на место со многу корали, па станал атрактивен за луѓето кои почнале овде да градат домови. Семејствата граделе куќи една до друга како што се венчавале и имале деца.
Првите жители собирале материјали за изградба од земјата и морето.
„Школки, кокоси, дрва, песок, па дури и ѓубре биле користени за изградбата.“
Продолжува на следната страница…