Почувствувајте дел од стилот на седумдесетите во вашиот дом
Време е добро да се запознаеме со стилот кој повторно станува актуелен и кој претставува еден вид одмазда за модерните времиња. Добро, можеби одмазда е престрог збор, но сепак постои интересно тврдење кое вели дека е одговор против модерниот минимализам. Во секој случај, агресивноста во враќањето на ерата може да се припише на експлозијата од бои и енергичноста кои се карактеристични за ентериерот од седумдесеттите.
Филозофијата во дизајнот на ентериерот од седумдесеттите е пресликана преку земјените хипи тонови како златно-жолта боја, цигли, ‘рѓа, големи дрвени плочи, впечатливи дезени, геометриски форми и слично. Сите тие одново се искористуваат во модерните варијанти и комбинации. Ве покануваме на кратко патување назад во сончевата хипи ера и весели дизајни со ретро изглед.
Обложување со дрвени плочи
Овој ентериер изгледа познато, но модерните дизајни не оддаваат чувство како штотуку да сме излегле од временска машина. Обложувањето на ѕидовите и плафонот со дрвени плочи, комбинирањето мебел во златно-жолта боја и додавањето кауч во форма на буквата „Г“ одлично се вклопуваат во модерните декоративни елементи и даваат впечаток на нешто што е одамна познато, а сепак сосема ново.
Ретро катче за читање
Геометриските форми кои се отпечатени во голем формат и поставени на ѕид, како и футуристичките бели столици одлично се вклопуваат со модерните детали како тепихот од кожа од крава и црно-белиот портрет на куче. Експлозијата на светли бои е исто така детаљ кој потсетува на минатото.
Воздржаност
Прекрасен пример за модерното прифаќање на воздржаните дизајни е златно-жолтиот кауч, фланелот и придушената светлина кои доаѓаат до израз во минимално декорираната дневна соба.
Суптилност
Геометриските форми, интересните дизајни на столици и темно зелената земјена боја на ѕидот одлично одговараат со она што е суптилно истакнато во модерниот дом – столици во пастелни бои, под со дезен во форма на рибина коска и плакари/креденци од дрво.
Кратко патување до шеесеттите
Како интересна споредба со дизајнот од седумдесеттите е навраќањето кон необичните шеесетти. Храбар и предизвикувачки чекор е „распрскување“ на поп-арт деталите во кујната. Ако тоа не е целосна спротивност на минимализмот, тогаш што е?
Земјени тонови
Тука повторно се јавуваат дрвените ѕидови покрај големите доминантни геометриски форми, модернистичкиот мебел и земјените, смирени тонови на подот и декорациите. Она што би го направило овој ентериер помодерен е дрвена маса која изгледа како да лебди во просторот.