Паднатите лисја можат да послужат како материјал за вистински уметнички дела!
Дали знаевте дека и паднатите лисја можат да послужат како инспирација за вистински уметнички дела? Лито, самоук јапонски уметник, во 2020 година почнал да се занимава со овој уметнички стил и открил дека е совршен начин за справување со АДХД (ментално, бихевиористичко нарушување кое се карактеризира со прекумерна енергија, импулсивност и невнимание кои се несоодветни за возраста на пациентот).
Тој открил дека процесот на креирање на овие чудесни минијатурни уметнички дела му помогнал да ја подобри концентрацијата. Во продолжение погледнете ги овие мали, извонредни изработки.
Откако ги погледнавте овие изработки, можеби ќе сакате да погледнете и како обичните предмети се претвораат во инспирација за необични илустрации.
Извор: mymodernmet.com