Овошни автопортрети на една 16-годишна фотографка

Овошни автопортрети на една 16-годишна фотографка

Со само две и пол години работно искуство, 16-годишната шпанска фотографка Кристина Отеро навистина заслепува со нејзините автопортрети сликани одблизу.

Овошни автопортрети на една 16-годишна фотографкаОвошни автопортрети на една 16-годишна фотографка

Употребувајќи го овошјето како главна инспирација во нејзината серија насловена „Tutti Frutti“, оваа млада девојка ја нарушува конвенционалната концепција за женската убавина и врши интересно уметничко влијание, употребувајќи го овошјето во заводнички перформанс пред камерата.

Овошни автопортрети на една 16-годишна фотографка

Таа ги вовлекува набљудувачите да погледнат во нејзините крупни, невини очи, додека истовремено колоритната шминка идеално се вклопува со бојата и структурата на овошјето.

Овошни автопортрети на една 16-годишна фотографка

Отеро има изјавено дека ѝ се допаѓа фотографирањето на човечкото лице, бидејќи како што вели:

Тоа е како речник од емоции и идеи. Сѐ што сакаш од една личност, го имаш таму, нацртано по целото лице, кое е лесно да се дешифрира.“

Овошни автопортрети на една 16-годишна фотографка

Употребувајќи го сопственото лице како платно за цртање, Отеро креира освежувачки фотографии, кои се исклучително атрактивни за човечкото око. Овие автопортрети навистина имаат карактер.

Овошни автопортрети на една 16-годишна фотографкаОвошни автопортрети на една 16-годишна фотографкаОвошни автопортрети на една 16-годишна фотографкаОвошни автопортрети на една 16-годишна фотографкаОвошни автопортрети на една 16-годишна фотографкаОвошни автопортрети на една 16-годишна фотографкаОвошни автопортрети на една 16-годишна фотографка


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. анонимна Reply

    kreativno 🙂 inace koe e 4toto ovosje od krajot na postot?

    • Maja Reply

      Custard Apple се вика 😀

Остави коментар