Овие илустрации ги прикажуваат реалноста и секојдневието од една поинаква перспектива
Индиската уметница Види Наик на забавен начин го покажува својот талент за цртање. Така, во нејзините илустрации доаѓа до израз перспективата на нејзините цртани ликови кон светот околу нас.
„Беше време на пандемија, а во Италија беше навистина тешко да се излезе од домот. Еден ден, кога излегов да купам намирници и поминав по булеварот, тој ми заличи на куп миниони во нерамномерна линија. Веднаш сликав и кога отидов дома ја изработив оваа илустрација. Тоа ме инспирираше и да почнам да го гледам светот од поинаква перспектива секогаш кога ќе излезам надвор“, вели уметницата.
Откако ги погледнавте овие илустрации, можеби ќе сакате да ги погледнете и логоата на светските брендови како средновековни илустрации.
Извор: designyoutrust.com