Оваа фотографка има една цел - да ги обедини луѓето со своите фотографии

Оваа фотографка има една цел – да ги обедини луѓето со своите фотографии

Секој член во едно семејство е различен, посебен и уникатен на свој начин. Токму оваа идеја ѝ била инспирација на фотографката Мишел Кроу, која преку фотографиите сака да ги обедини сите луѓе, без разлика на расата. Проектот насловен како „Universal family“ ги прикажува мешаните бракови меѓу луѓе од различни раси и националности, со надеж дека ќе ги обедини луѓето и ќе ги натера меѓусебно да се гледаат како едно големо семејство без расистички предрасуди.

Кроу пораснала во мешано американско-италијанско семејство и секогаш била блиска со своите родители, браќа и сестри. Токму поради оваа поврзаност таа вели дека најважно е покрај себе да имаш некој кој те сака без оглед на сè. Таа вели дека нејзините родители ја научиле да се грижи за луѓето и да се однесува со нив онака како што и таа сака другите да се однесуваат со неа, тоа е златното правило според кое се раководи во животот.

Оваа фотографка има една цел: да ги обедини луѓето со своите фотографии

Кроу отсекогаш сакала да ги фотографира луѓето и на некој начин да се вмеша макар за миг во нивните животи. Она што посебно го вреднува и сака да го „фати“ на слика, се разликите меѓу луѓето, но истовремено и нивната слога и љубов. Кроу вели дека светот е преполн со прекрасни различности и можности, па глупаво е луѓето да се ограничуваат себеси и да не го искусат животот вистински.

Кроу почнала да ги фотографира членовите на своето семејство и семејствата на нејзините пријатели, што за кратко прераснало во овој проект. Меѓу другото, Кроу става акцент и на браковите меѓу луѓе од ист пол, не само од различни раси, со цел да ги сруши стереотипите кои луѓето ги градат и дозволуваат да бидат заслепени од нив.

Погледнете ги прекрасните фотографии кои го обединуваат светот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар