Новите канцеларии на „Гугл“ во Лондон
Сопствениците на Гугл, сакат нивните вработени да придонесуваат со брилијантни идеи, а за да им помогнат при тој процес секогаш се трудат тие да имаат интересен и несекојдневен работен простор. Пред краток период во лондонското претставништво во кое веќе работат 350 вработени, се отвори нов кат за техничките лица, наречен L4, кој по некои претпоставки е најмодерниот во светот.Конференциските сали имаат аглеста гарнитура, ходниците се направени како на вселенскиот бродот „Enterprise“ од серијалот „Ѕвездени патеки“, а за време на паузите сите можат да се забавуваат во собата со билјард-маса и видеоигри.
Кога од Гугл започнале да го прават овој работен простор, тие решиле да почнат од нула, па ги урнале сите ѕидови и го исфрлиле целиот мебел. Уникатниот изглед бил создаден само за вработените да бидат задоволни и да го даваат максимумот на работа.
За освежување за време на паузите тука може да се наиде на многу храна и пијалаци. Може да се пие кафе, кое го прават во 19 видови, а за јадење може да се седне во еден од четирите ресторани кои се целосно бесплатни.
Исто така, на овој кат има и фитнес-сала, звучно изолирана музичка соба во која има тапани и електрични гитари, а во собата за игри има билјард-маса, конзоли за играње и огромен телевизор.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
zosto site rabotni mesta ne se vakvi
Не ми се верува во Googe користат Aple airbook
Kje koristat shto sakaat, nemat svoj sopstven lansiran kom. ili OS.
Chudno e ako videsh vo Microsoft kako koristat Apple OS(Macintosh).
Sè si e vo red
Oва ти се вика ХР политика