„Невозможна“ фотографија од еден атом што може да се види со голо око
Кој бил помислил дека нешто толку едноставно би можело да биде толку неверојатно? Фотографијата на Дејвид Недлингер од позитивно наелектризиран атом заробен во електрично поле го добила првото место на натпреварот за научни фотографии.
Интересно е тоа што фотографот успеал да направи нешто што се сметало за невозможно – направил фотографија од нешто што обично е со големина од околу 100 пикометри. Тешко е да се поверува дека нешто толку мало може да биде видено со голо око, а уште помалку да се фати на камера. Важно е да се спомене и дека камерата ја фатила светлина што атомот ја апсорбира и емитира додека е осветлен со ласер. Фотографот ја направил фотографијата преку стаклото на кафезот со вакуум.
„Идејата да се види еден атом со голо око ми се виде како мост помеѓу малиот квантен свет и нашата макроскопска реалност“, изјавил Дејвид.
Оваа мала сина точка била доволна за да го воодушеви жирито и да ги надмине другите исто така неверојатни фотографии.
Победникот во категоријата Еурека и откритие е фотографијата „Далеку во една кујна…“ на која е прикажана убавината на меурите од сапуница.
Во категоријата Чудно и убаво победила фотографијата од зголемено крило на пеперутка.
Во категоријата Луѓе и вештини победила фотографијата која прикажува волонтер кој носи направа што ја снима мозочната активност.
Победник во категоријата Иновација е фотографија која прикажува како изгледа микромеур кој може да однесе лекови до одредено место во телото.
Погледнете ги и најдобрите патувачки фотографии од минатата година.