Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот
Камалки Лауреано
Камалки Лауреано е талентиран уметник од Доминиканска Република. Тој користи акрилни бои на платно. Според Лауреано, сликањето не е само копија на фотографијата, туку одраз на самиот живот.
Пол Каден
Единствената техника што ја користи Каден е графитен молив. А тоа е повеќе од доволно за да се пренесе секоја црта, брчка и емоција на човечкото лице со неверојатна прецизност.
Метју Корнел
Нема луѓе во делата на Корнел, бидејќи тој посакува да живее во свет во кој природата ќе владее како најголемото совршенство.
Томас Арвид
Томас Арвид нема формално уметничко образование. Тој е самоук уметник кој со текот на времето го открил она што најмногу го фасцинира – виното. Како последица на тоа, тој создал голем број слики од вински подруми на кои биле претставени шишиња, отворачи за вино, тапи и чаши до најситни детали, што ги прави хипер-реалистички.
Брајан Друри
Американскиот уметник Брајан Друри завршил на Американската уметничка академија во 2007 година и оттогаш активно создава неверојатно реалистични слики. Тој е добитник на голем број престижни награди во Америка и Европа. Друри најмногу се фокусира на тоа да ја претстави човечката кожа и честопати наоѓа начин да ги открие оние страни од човечката личност кои луѓето се обидуваат да ги скријат.
Јигал Озери
Јигал Озери поседува извонредна способност да ја пренесе играта на темнината и светлината, на блесокот и згаснувањето на сонцето и токму поради тоа неговите дела личат на фотографии.
Танер Џејлан
Познатиот турски уметник Танер Џејлан црта во хипер-реалистичен стил и најмногу користи акрилни бои. Нема шанси да препознаете дали се работи за фотографија или уметничка слика!
Ендру Талбот
Славниот британски уметник Ендру Талбот е вистинска ѕвезда во уметничкиот свет уште од 2002 година. Извонредниот реализам и впечатливите бои се главните виновници зошто неговите дела се едни од најпознатите во светот.