Неверојатно дизајнирани сцени овековечени во фотографии полни живот

Неверојатно дизајнирани сцени овековечени во фотографии полни живот

Доколку ја погледнете работата на Дидиер Масард, на прв поглед можеби би рекле дека се работи за цртежи насликани со водени бои или пак за дигитално моделирани сцени. Но, делата на овој артист всушност се фотографирани диорами (3Д минијатурни макети) кои прикажуваат нереални сцени и пејзажи. Овие неверојатно дизајнирани светови настануваат од сцени за кои на Масард му се потребни месеци да ги состави, внимателно да ги нареди и соодветно да ги осветли пред да ги фотографира.

Неверојатно дизајнирани диорами од исклучителни светови

Без разлика дали станува збор за подводна катедрала која се руши, мистична градина преполна со цвеќиња високи колку луѓето или пак за урнатините од Вавилонската кула во пустината, одличната работа на Масард изобилува со прекрасно чувство за магичен реализам. И додека фотографијата подразбира фаќање на момент од живиот свет и замрзнување во “мртва” сцена, Масард го прави токму спротивното – тој од статичните нереални сцени кои ги создава специјално за своите фотографии, креира подвижни, живи светови во кои имате чувство дека дејството трае.

Неверојатно дизајнирани диорами од исклучителни светови

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар