Неверојатни самоодржливи пирамиди во кои можете да живеете
Дали ви здодеа живеењето на копно? Во иднина ќе можете да се пријавите да живеете во заедница на море составена од самоодржливи градби во форма на пирамида напојувани од соларна енергија.
Дизајнирани од Пиерпаоло Лазарини, овие градби се инспирирани од архитектурата на Маите и Јапонците. Зградите доаѓаат во неколку форми и големини и се дизајнирани за разни намени. Некои од нив се домови, додека некои се направени како градини, хотели или кино сали. Најголемата градба ќе достигнува 30 метри надморска височина.
Лазарини ги замислува градбите од стаклена волна, челик и јаглеродни влакна. Ќе бидат инсталирани врз огромни платформи што пловат под кои ќе има и подруми во кои ќе можат да се направат подводни спални соби.
Структурата е напојувана со соларна енергија. Заедницата ќе има и мало пристаниште. Секоја градба ќе добива енергија од соларните панели на покривот и водните турбини.
Иако овој проект сè уште е само концепт, Лазарини се надева дека ќе ги собере потребните средства за да почне со изградба.
Според него, првата и најмала пирамида ќе чини 350.000 евра. Со цел да собере средства тој сака да направи кампања и да им овозможи на луѓето да престојуваат во градбите по цена од 1.000 евра за една ноќ.
Оние кои го поддржуваат проектот ќе можат да гласаат и за локацијата на пирамидите од понудена листа на предлози.
Доколку сепак повеќе го сакате копното, погледнете ја оваа неверојатна куќа инспирирана од бајките.