Неверојатни геометриски замоци од песок

Неверојатни геометриски замоци од песок

Артистот Келвин Сиберт од Њујорк кој е познат по својата работа со песочните замоци, повторно ги изненадува своите фанови. Тој секој пат кога започнува со градењето, прави нешто ново и различно така што ја следи својата имагинација и му овозможува на песокот природно да оформува геометриски фигури. Резултатите се фантастични облици кои изгледаат како да се од некој друг свет.

Неверојатни геометриски замоци од песок

Употребувајќи ги само своите раце и пластична алатка за израмнување, Сиберт внимателно му дава форма на деликатниот песок и го претвора во скулптури за кои се потребни часови, па дури и денови за да се завршат. Тој со помош на водата ги зацврстува овие градби, а останатата работа слободно може да му се препише на неговиот талент и искуство.

Неверојатни геометриски замоци од песок

И покрај тоа што изградбата на овие замоци е малку комплицирана и понекогаш ограничена со време, Сиберт ужива во предизвиците кои му ги подготвува природата. Според него, најдобриот дел е да им се овозможи на формите да растат како „органски машини“ чија експанзија е временски ограничена само од силата на брановите.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар