Неверојатен хотел сместен на дното на јама
Британската инженерска компанија „Аtkins“ пред неколку години го откупи правото да изгради хотел на дното на една јама во Шангај, Кина. Темелите на хотелот „Intercontinental Shimao Shanghai Wonderland“ конечно беа поставени минатиот месец, а се очекува првите гости да ги пречека на почетокот на 2015 година.Хотелот кој ќе има 380 соби, распоредени на 19 ката, ќе биде сместен во огромна јама длабока 100 метри. За едно ноќевање во овој несекојдневен хотел ќе треба да одвоите најмалку 240 евра.Иако хотелот е изолиран од градот, гостите нема да треба да се грижат за храната, бидејќи во самиот комплекс ќе има подводен ресторан. Дизајнерите на хотелот се надеваат дека нивната градба во комбинација со егзотичното природно опкружување, ќе го направи овој хотел вистински хит во светот. Особено се очекува, ова место да стане хит за љубителите на скокањето со банџи и качувањето по карпи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.