Неколку трикови со кои балконот ќе биде омилено место за уживање во текот на есента

Неколку трикови со кои балконот ќе биде омилено место за уживање во текот на есента

Овие трикови ќе ви помогнат да го приспособите балконот на новите временски услови и да го направите вистинска оаза за есенските денови.

Неколку трикови со кои балконот ќе биде омилено место за уживање во текот на есента

1. Подгответе поотпорни растенија

Неколку трикови со кои балконот ќе биде омилено место за уживање во текот на есента

Иако поради релативно високите температури во текот на денот сè уште не треба да ги менувате цвеќињата, треба да размислите што би сакале да додадете на вашиот балкон за неколку седмици.

Заменете ги летните растенија со поотпорни на кои нема да им пречи влагата предизвикана од утринската магла и од почестите дождови. Такви се, на пример, красулата и одредени видови фуксија.

2. Засадете мала зеленчукова градина

Неколку трикови со кои балконот ќе биде омилено место за уживање во текот на есента

Декоративните растенија не мора да бидат единствените што ќе ги засадите на вашиот балкон. Имено, овој период е идеално време за садење одреден зеленчук и да уживате во неговите плодови во текот на есента. За тоа не ви требаат голема градина и цветни леи. Зеленчукот што ќе го засадите треба да стои на делот од балконот што ќе биде изложен на сонце во текот на целиот ден.

3. Додајте ќебиња

Неколку трикови со кои балконот ќе биде омилено место за уживање во текот на есента

Вечерите стануваат сè поладни, што сугерира дека доаѓа есента. Но, тоа не значи дека не можете да уживате на балконот навечер. Треба само да се подготвите за сите временски услови, а тоа ќе го направите најлесно со помош на ќебиња.

Можете да додадете и перници, а за да ги заштитите од можните врнежи, чувајте ги во водоотпорна кутија.

4. Осветлување и романтична атмосфера

Неколку трикови со кои балконот ќе биде омилено место за уживање во текот на есента

Малите жолти светилки не се наменети само за божиќна декорација. Тие додаваат одредена топлина и создаваат романтична атмосфера. Кога купувате светилки, изберете ги оние што се наменети за надворешни простории бидејќи тие се отпорни на дожд, на влага, па дури и на ветер.

Погледнете ги и овие 10 кадифени каучи што се идеални за вовлекување под ќебе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар